Поп пејачката Мадона на Инстаграм објави видео во кое порача дека Путин мора да престане со агресијата врз Украина.
-Путин ги прекрши човековите права, сака да го избрише постоењето на Украина како држава. Претседателе Зеленски сите сме со вас. Се молиме за вас и вашата земја! – порача пејачката.
Таа објави и видеа и фотографии од војната.
-Путин убива недолжни и невини луѓе,постои начин ова да го спречиме,кажете ми дали ве боли ова исто колку и мене?