“Бригадите (Езедин) Ал-Касам“ велат дека бројот на израелските заложници киднапирани на фестивалоте веќе 50-тина.
-Тие се убиени во Појасот Газа, но не од Хамас, туку како резултат на нападите на сопствената земја, Израел, напиша портпаролот на „Бригадите (Езедин) Ал-Касам“, Абу Обаида на каналот Телеграм.
Хамас во четвртокот соопшти дека израелските напади врз Газа убиле речиси 50 од заложниците што неговите оперативци ги запленија во крвавите прекугранични напади додека Обединетите нации предупредија „никаде не е безбедно“ на територијата.
Вооруженото крило на групата го даде тврдењето, кое АФП не можеше веднаш да го потврди, откако Израел испрати тенкови, војници и оклопни булдожери во енклавата во „целен напад“ во текот на ноќта, за кој војската рече дека уништила повеќе локации пред да се повлече.
Истовремено, пакспоред неименуван израелски функционер, тврдењето е дел од манипулативната кампања на Хамас да се изврши притисок врз Израел да ги прекине воздушните напади против групата
„Хамас се обидува да го манипулира светот со создавање на лажен наратив за да ги запре израелските напади врз нивната инфраструктура. Без разлика на тврдењата на Хамас, секоја повреда врз заложниците е одговорност на Хамас и тие ќе одговараат за тоа. Израел ќе продолжи да бара Хамас веднаш и безусловно да ги ослободи сите заложници,“ изјавил израелскиот функционер.