Дејвид Бекам се најде во центарот на вниманието на јавноста, откако фотографии беа објавени пред неколку дена.
Бекам е во Лондон со семејството за време на домашната изолација. Пред неколку дена, тој реши да оди на шопинг, и секако дека тоа не може да помине без папараците да го снимат секој негов потег.
Во центарот на вниманието се најде неговиот изглед, што изненади многумина. Првенствено, ова се однесува на неговата коса, која станува се поретка, што може да се види на фотографиите.
Пред две години се шпекулираше дека Бекам отишол на трансплантација на коса со цел да го задржи својот имиџ, но очигледно е дека се појавиле нови проблеми за овој 45-годишен поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Л.А. Галакси, ПСЖ и Милан.
Многумина забележале дека на фотографиите што ги објавува, тој обично носи капа за да ја скрие косата, но овој пат не размислувал за тоа.