“ВЕЌЕ НЕ ГИ БРОИМЕ МРТВИТЕ“: Медицинска сестра во живо се јавила од миланската болница

by Тони Зографски

Медицинската сестра Даниела Конфалонери, која во Италија неисцрпно работи за да спаси животи од новиот вирус КОВИД-19, се јавила во живо од болницата и раскажала како изгледаат деновите на најтешката борба која ја погодила оваа земја.

Таа, видно исцрпена, се обиделада ја пренесе состојбата во болницата:
“Работиме под голем стрес и напнатост. Психичката тензија се чувствува најмногу. За жал, не можеме да ја контролираме ситуацијата во Ломбардија затоа што има високо ниво на инфекција. Ние дејствуваме во оваа ситуација апсолутно итно. Проблемот е во тоа што голем дел од нашите вработени се дома, а мал број од нас сме тука секој ден“, рекла сестрата.

Таа изјавила дека веќе не ги бројат мртвите.

“ Состојбата во Милано е многу комплицирана Ова станува мачно, веќе не ги броиме мртвите.  Погледнете ги дневните вести од Италија и можете да забележите како изгледа ситуацијата. Ова е незамисливо“, додала таа.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com