Познатиот текстописец, Марина Туцаковиќ веќе неколку години се бори со канцер, а последните терапии не дале резултат, па поради опасната болест не може ни да се движи.
„Почнав да одам на хеморерапии. Од нив се чувствувам слабо, па не можам многу да одам. Одам само до банка и до одделението за онкологија, но и тогаш одам во количка. Никаде не излегувам бидејќи сè ми е напорно. Се чувствувам како да сум во затвор“, вели Туцаковиќ.
Откако дознала дека има рак, Марина пробала разни лекови, но и понатаму не ѝ е подобро.
„Досега пробав сè и сешто. Верувам дека секој организирам различно реагира на лековите и тоа е нормално. Претходните терапии не дадоа резултати затоа почнав со нов циклус на хемотерапии. Искрено пред да тргнам на терапиите се чувствува подобро, но резултатите не беа добри. Пред неколку дена ми направија скенер и резултатот е малку подобар од претходниот. Морам да продолжам да се борам. Не знам уште колку долго ќе трае оваа битка и тоа ме мачи. Секако дека не се откажувам бидејќи сум силна жена“, вели Туцаковиќ.
Таа рекла и дека иако ѝ е тешко, не престанува да пишува текстови.
„Измрцварена сум, малаксана, но пишувам. Не се откажувам од работата“, рекла таа.