Лиза има 52 години и тврди дека никогаш не правела инјекции против брчки и дека има многу скромна рутина за нега на кожа. И поради нејзиниот младешки изглед, таа често добива комплименти и од помладите мажи.
Лиза Лора е навикната на луѓето да прават грешки кога станува збор за нејзината возраст. Имено, Лиза е медицинска сестра од Лотон, Англија, и тврди дека луѓето секогаш претпоставуваат дека има триесетти години – што и се допаѓало, но понекогаш и било и непријатно.
Во реалноста, Лиза е всушност две децении постара. Таа има 52 години и тврди дека никогаш не била на инјекции против брчки и има многу скромна рутина за нега на кожа.
– Понекогаш се срамам, а понекогаш се гордеам со себе. Се чувствувам како да добивам повеќе комплименти сега отколку кога бев помлада. Каде и да одам, некој ми дава комплименти и луѓето не можат да поверуваат колку навистина имам години- објасни таа.
Таа, исто така, раскажа како луѓето често мислат дека има помеѓу 30 или 35 години. Таа само вели „благодарам“, бидејќи тоа многу и ласка. Дури и помладите мажи и се обраќаат, но таа само се смее на тоа.
– Тие се шокирани кога ќе дознаат дека сум доволно возрасна за да им бидам мајка – додава Лиза.
Лиза вели дека тајната за нејзиниот добар изглед е добрата шминка, иако има и еден многу необичен совет.
– Мојата рутина за нега на кожа е многу секојдневна. Немам скапи работи бидејќи сум алергичена на многу производи. Колку поевтино толку подобро. Никогаш не сум одела на ботокс или полнила затоа што се плашам од тоа. Носам шминка и лажни трепки 80 проценти од времето – рече таа.
– На секои три месеци го преполовувам компирот и го тријам на усните. Не знам од каде потекнува оваа техника, но им помага да останат полни. Тоа е добар и природен начин да се добијат полни усни – тврди Лиза.
Но, иако сега зрачи со самодоверба, Лиза не била секогаш таква. Порано била многу срамежлива до 2016 година кога се пријави на избор за убавина. Оттогаш, таа започнала да позира пред камерата како модел за независни модни брендови и за разни брендови на накит.
– Порано бев многу срамежлива и тивка, но еден ден решив да излезам од мојата удобна зона. Сега сум сигурена во себе и верувам дека никогаш не е доцна да пробате нови работи. Се натпреварував на четири избори за убавина и уживав во секоја секунда – заклучи Лиза, пишува The Sun.