Вечерта кога гореше Нотр Дам се запали уште една светска знаменитост  (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Еден дел од џамијата Ал Акса во Ерусалим го зафати пожар во понеделникот вечерта, во исто време кога се запали и катедралата Нотр Дам.

Пожарот бил бргу изгаснат, и никој не е повреден, пренесува РТ.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа црн чад како се крева над просторијата во склоп на џамијата, позната како шталата на Соломон.

Инаку, Џамијата Ал Акса е трет најважен објект во Исламот.

Причините за пожарот сеуште не се утврдени.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com