Почина иконата на хрватската денс сцена во 90-тите Даворка Ручевиќ, попозната како Касандра.
Касандра починала на 3 декември, потврди нејзината мајка Даринка Газибара за „Загреб.инфо“.
– Вечерта заспа и не се разбуди… Многу ми е тешко, во моментот се наоѓам кај пријателка, бидејќи не можам да бидам сама. Вечерта се бакнувавме и прегрнавме, секоја отиде во својот стан и утредента повеќе ја немаше – изјавила Даринка.
Касандра се прослави со хитовите како „Ice Cream“ и „Punishment“. Со песната „I Gotta Feeling“ настапи на Загребфест во 1994 година.
Набргу потоа се повлече од музичката сцена, а во јавноста се појави дури во 2007 година, кога се појави на роденденската забава на поранешниот менаџер Владимир Михаљек Миха.
Таа се појави во медиумите во јануари годинава. Во интервју што го дала за хрватски „24сата“ во јануари оваа година, Касандра рекла дека се повлекла од сцената бидејќи не сакала „по секоја цена да биде во јавноста и да привлекува внимание“.
„Имав ендометриоза, не можев да одам, да договорам кафе со другарка. Не одев на скијање или пливање 20 години. И зошто јас да бидам позната по моите приватни работи“, рекла таа.
„Тажната вест ми дојде во Ирска, се надевав дека е една од многуте „лажни вести“, но за жал, изгледа дека не е. Даворка Ручевиќ Касандра починала на 3 декември 2021 година. Почивај во мир убавице и ти благодарам за сите убави моменти што ги поминавме заедно во 90-тите“, напиша Горан Горичанец.
„Не мислев дека ќе го препратам ова. Благодарам на Горан Горичанец за веста, иако тоа е тажна вест. Се слушнавме неодамна преку пораки и навистина сум шокиран. Спиј мирно, драга Касандра”, порачал раперот Ренато Ѓошиќ Ренман.
Многумина беа збунети од годината на раѓање на познатата пејачка, а музичарот Ренато Метеси во својот статус напиша дека Касандра не ги кажувала вистинските години и дека била постара отколку што се мислело.
„Ин мемориам! Даворка Ручевиќ Касандра. Родена 1973 година во Загреб, почина на 48-годишна возраст од долга и тешка болест! Достапните лични податоци за годината на раѓање се непроверени и можеби неточни?! Се повлече од јавноста и веќе долго време живееше во целосна изолација, сама во разурнатата куќа на баба ѝ во Буковац. Како моја лична пријателка од најраниот период (се запознавме кога имаше 18 години) од нејзиниот краток музички и несреќен живот, по овој повод се збогувам со неа како моја колешка и драга личност. Збогум Даворка, чест ми беше што те познавав, ти посакувам вечен мир и спокој каде што сите патуваме… до својата куќа и дом. Твоето царство е небесно“, напишач Ренато Метеси.