Остануваат уште неколку часа до вечерашната финална вечер од Евросонг во Тел Авив, каде нашата претставничка, Тамара Тодевска ќе се претстави со песната „ Proud “ под реден број 8.
Расте еуфоријата кај македонскиот тим во Израел, а нашите познати личности и испратија охрабрувачки пораки на Тамара да направи уште еден успех вечер.
Претседателот Стево Пендаровски со својата сопруга денеска преку телефон и посакале на Тамара успех на настапот на финалето на Евровизија.
„Со Бети ѝ посакавме успех на Тамара и нејзиниот тим во финалната вечер на Изборот за песна на Евровизија. Само напред девојко, земјата се гордее со твојот успех“, напиша Пендаровски на социјалните мрежи.
https://www.instagram.com/p/Bxmj-VoHddb/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
По повод вечерашниот настап се огласи и сестра и Тијана Дапчевиќ на својот Инстаграм профил и даде целосна поддршка на Тамара.
-Се уште сум под впечатоци и сум најгорда сестра на свет. Вечерва можеме и мораме сите да гласаме за бројот 8, за повторно да издоминираме, те сакам Тамарааааа, и порача Тијана.
Да се гласа вечерва за бројот “осум“ порачаа и Елена Ристеска, Лила, Христина Арнаудова…
Thank you for the ❤.
Vote #08.#proud #teamtamara #esc2019 pic.twitter.com/OXckjyNHYm— Tamara Todevska (@TamaraTodevska) May 18, 2019
Дирекно во Тел Авив на Тамари поддршка на Тамара ќе и даде и нејзината другарка, фотомоделот Катарина Ивановска.
Инаку, нашата земја за прв пат настапи на Евровизија во 1998 година. Најдобар пласман со 12-то место имаше во 2006 година, со песната ,,Нинанајна” на Елена Ристеска. Во 2012 година Калиопи со песната ,,Црно и бело’ се пласираше во финалето, и го освои 12-то место.