Каде се наоѓа сестрата на севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун останува мистерија. Се погласни се шпекулациите дека нејзиниот брат кој е познат по егзекуцијата на неговите ривали, ја „решил“.
Претходно, се шпекулираше дејка Ким Јо Јонг ја презема контролата врз Северна Кореја откако нејзиниот брат исчезна од очите на јавноста. Наводно, проструија вести дека диктаторот е тешко болен, па дури и починат. Сепак, сега е наведено дека Ким Јо Јонг исчезна и дека ја нема повеќе од еден месец, пренесува британски „The Sun“.
Пред неколку дена низ целиот свет се појави веста дека Ким Јонг Ун е во кома и дека моќта треба да помине на неговата сестра. Но, последниве денови во јавноста почнаа да се појавуваат фотографии од мистериозниот лидер на земјата, во кои тој изгледа здраво. Наводно, севернокорејскиот диктатор имал средба со членови на партијата, но се појави и фотка при неговата посета на поле со пченка откако помина тајфунот.