Вчера проструи веста дека Нов Зеланд е единствената земја во светот што досега целосно го елиминираше корона вирусот.
На оваа вест реагираше нашата позната водителка Хелена Роза, која веќе неколку години живее во Нов Зеланд
„Значи не знам од каде е земена оваа вест за Нов Зеланд, но морам да реагирам, бидејки не е точна. И бидејки еден куп ме прашуваат дали е?
Па вака да искоментирам за сите во еден пост. ОВАА ВЕСТ НЕ Е ТОЧНА!!!!!
ВО НЗ во моментов има околу 43 активни случаи на ковид. Значи не сме ковид фрее. Бројката е мала, и да во НЗ е многу подобро отколку во Европа И УСА.
Но, незнам како новинариве што ја споделуваат веста како ги скокнале државите како: Бутан, Нова Каледониа, Камбоџа, Самоа и уште десетина кој според статистика имаат помалку активни но и вкупно случаи од НЗ. Значи Нов Зеланд не е ковид фри.“