Весна Петрушевска со искрена изјава за убиството на Вања Ѓорчевска апелира секој од нас да размислува пред да даде каков било коментар за трагичната ситуација
“По целата колективна траума, дали сме се запрашале во каква состојба се мајката и сестрата на Вања. Сите зборуваме за камерите и за Цитроенот, но никој не праша како е мајката и сестричката на Вања и тоа поразот наш и на нашето општество“, забележува Петрушевска.
Таа сподели информација дека сестричката на Вања била изложена на операција на срцето, а мајката има сериозни здравствени проблеми со дишењето.
„Многу зборуваме за сторителите на насилството, но заборавивме на жртвите на насилството“, додава Петрушевска и апелира до јавноста пред да коментираат на социјалните мрежи да не го забораваат семејството на Вања, каде тагата е навистина голема.
Познатата глумица констатира дека за жал општествената одговорност е на многу ниско ниво и дека општеството се бави со „ниски теми“ и го отвора прашањето што ние, како општество ќе направиме за помогнеме на семејството, општество кое за жал секојдневно влегува од пораз во пораз.
Со цел да укаже на тоа како се чувствува мајката на Вања, Весна накратко се осврна и на своето трауматично искуство, кога нејзината ќеркичка Мина беше жртва на напад од педофил.
Како што вели, таа веќе 13 години не може да спие како последица на пострауматскиот стрес, по немилиот настан.
„Кога мене ми се случи тоа со Мина, јас и ден-денeс ја имам траума од гаражата. На Мина веројатно ќе ѝ остане таа гаража цел живот, а камоли ова… Ние немаме развиено систем како да им помогнеме на жртвите од насилство. Ние немаме како да им помогнеме на овие луѓе.
Се работи за девојче со здравствени проблеми, имаме мајка која го загубила своето чедо, но ние не разговараме на овие теми. Ние се бавиме дали овој пеш го фатиле во Турција“ – вели таа.