(фото: Ана Паунковиќ)
Пејачката Весна Змијанац на една од манифестациите во Белград се појавила со својот бивш дечко, оперскиот пејач Никола Мијаловиќ со кој подоцна е фотографирана и на вечера. Како што таа изјавила, нивниот однос секогаш бил посебен, без разлика дали се заедно или не.
(фото: Дамир Дервишагиќ)
– Никола е мојот најдобар пријател. Покрај него сум среќна и убаво се чувствувам. Не е битно во какви односи сме. Тој е единствета особа на која можам да се потпрам двеста одсто и да му се јавам во било кој час во денот или ноќта. Во два ноќеска да го побарам, тој ќе дојде да ми помогне. Таков два пати не се раѓа, – рекла Весна која вели дека давање изјави во медиумите никогаш не и досадуваат.
– Давањето изјави е мојот живот. Никогаш не ми смета. И кога ќе отидам на оној свет, и понатаму ќе пишувате за мене – истакнала фолкерката.