Поминав цели 40 години со човекот кој најмногу го сакав. Цели 40 години и тој мене најмногу ме сакаше. Што друго да кажам, освен дека тоа е најголемиот благослов кој некој може да го има во животот – со овие зборови за „Фокус” ја започна својата приказна Весна Вучиќ, сопруга на легендарниот музичар, композитор и ТВ водител Драган Вучиќ, кој пред две недели почина поради компликации од корона вирусот.
Веста за неговата смрт ја скршила, но поради прописите поврзани со болеста, таа морала да остане дома, во изолација и не присуствуваше на неговиот погреб.
– Мартин и неговата сопруга, блиски луѓе и пријатели, отидоа да го испратат Драган на последното патување. Во тоа време, додека траеше погребот, излегов на прозор. Под прозорот се собрале моите добри другарки, моите драги личности кои во едни вакви услови, нови за целото човештво, на свој начин ми ја дадоа својата поддршка и ми покажаа дека се покрај мене. Преблагодарна сум им, не знам како ќе ги поминев тие моменти, додека син ми го погребуваше својот татко, ако ги немав нив, да ме утешат. Истиот ден, неколку часа по погребот, мојата состојба се влоши, ми се појавија проблеми со дишењето. Бев префрлена на клиника, каде лекарите и целиот медицински персонал ми ја даде потребната нега, но и поддршка која ми беше потребна во тој период. Останав на клиниката седум дена, состојбата ми се подобри значително откако добив плазма од пациент излекуван од Ковид 19, и по два негативни теста бев пуштена дома. Пропишана ми беше 14 – дневна изолација, и сум во добра здравствена состојба. Физички добро, но емотивно скршено – раскажува Весна.
Целото интервју тука.