Актерката Весна Бејби Петрушевска инспирирана од пожарите кои ја погодија Македонија, а најмногу Кочани, преку пост на својот Фејсбук профил се сети на пожарот во кој изгоре голем дел од нејзината семејна куќа, пред неколку години.
“Призма правела истражување пред две години.Ова е суштината 20 години наназад.Кога ни изгоре куќата ги чекавме точно час и половина(се бидна пепел) оти немаа капацитет.Сега читам дека Стојанче го спасил Кочани и не размислувал за оставка.Ајде мајката!Не ни сакате да знаете како е да вдишиш чад да не можеш излез да најдеш кога се случува пожар.Не релативизирајте катастрофи и трагедии.Уште кога ќе прочитам”изгореле неколку куќи, спасиле куќи”…Ништо не спасиле,се треба да рушат луѓето и одново да градат!!!Само тие знаат како им е!Сите политички структури ама сите до една не се бавите со суштината, да не спомнувам и возила за брза помош ми се лоши(јас лично чекав 3 часа за мене и тоа приватно едвај жива глава спасив).Па де едни де други се топорите политичари на сред трагедии.Да се немало хелихоптери и пожарни возила!!Вака ќе ни се случува и понатаму ако не си ја чукнеме главата!Многу сум тажна и бесна.Цел свет дебатира за климатски промени ние “Е” од екологија немаме…не го занима тоа никој.Ете каде сме!До нас е, “ напиша Весна на Фејсбук.