Кимберли Бурч, свршеницата на Тајме Даун, пејач на бендот Фастер Пусикет, кој се стекна со слава во осумдесеттите, се удави во морето откако паднала од брод за крстарење.
Според моментално достапните информации, нејзиното тело се уште не е пронајдено. 56-годишната Бурч паднала од балконот на својата кабина на првата вечер на крстарење по Кралските Кариби, по наводна жестока расправија со 60-годишниот рокер.
„Нашиот тим веднаш започна операција за пребарување и спасување, работи со локалните власти и даваме поддршка и помош на семејството на гостинот во овој тежок период. За да ја почитуваме приватноста на семејството, нема да објавуваме дополнителни детали“, изјави портпаролот на Royal Caribbean за Daily Mail.
Бурч, која по професија е агент за недвижности, се качила на бродот на седумдневното патување за да го поддржи Даун, кој требало да настапи како дел од ноќната програма за забавување на гостите на бродот. Тие биле заедно шест години, а пред крстарењето таа објавила заедничка фотографија.
Нејзината мајка изјавила за ТМЗ дека Даун ѝ ја соопштил веста за смртта на Бурч по телефон и дека деталите за нејзиниот пад сè уште се нејасни. Таа додаде дека Бурч не страдала од депресија и дека е уверена дека немало намерно да се повреди.
Истрагата за тоа како дошло до несреќата е во тек.