Основачот на Амазон Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез уживаа на одмор во Грција, а нивните фотографии од аеродромот го привлекоа вниманието.
Имено, на аеродромот дувал ветер, па Лорен морала да се мачи со спуштање на фустанот и криење на задникот. Безос се обиде да ѝ помогне со спуштање на фустанот, но изгледаше дека на Лорен не ѝ беше многу грижа што сите ќе го видат нејзиниот задник. Свршеницата на Безос прошета низ аеродромот во жолто-бел фустан на Долче и Габана, кој убаво ја истакна нејзината витка линија.
Инаку, славниот пар со своето друштво се одмара на јахтата на Безос во Грција, а 54-годишната Лорен е снимена на романтична вечера со својот вереник, но и како се забавува на јахта и вози џет ски, а фановите на социјалните мрежи го коментираа нејзиното навежбано тело.
„Изгледа неверојатно“, „Секоја чест за вашата упорност во вежбањето“ и „Не ми се верува дека оваа жена има 54 години“, се само дел од коментарите. Инаку, парот се запознал пред пет години, а милијардерот минатата година ја запросил со прстен кој чинел 2,5 милиони долари.