Раскошниот фустан на првата дама на САД, дизајниран од Кристијан Диор од Џон Галијано за свадбата на Меланија Трамп со Доналд Трамп во јануари 2005 година, наводно се продава на eBay.
Писателката Лијана Сатенштајн им открила на претплатниците на нејзината веб-страница „Neverworns“ дека модната креација, венчаница за која Меланија Трамп наводно платила 100.000 долари, е поставена за 45.000 долари или најдобра понуда со бесплатна достава од жена која тврди дека ја купила од првата дама.
Сатенштајн за ова откритие ѝ ги припишала заслугите на својата пријателка Патриша Торвалдс, која наишла на венчаницата додека барала фустани на Диор од 80-тите. Огласот на eBay е активен од јануари.
Личноста што ја продавала венчаницата, наводно, ѝ кажала на Патриша Торвалдс дека го купила фустанот директно од Меланија, со која имала заеднички пријател, за нејзината свадба во 2010 година. Таа платила 70.000 долари за тоа и признала дека направила мали промени во оригиналниот дизајн.
Меланија гордо го носела овој фустан, заедно со придружниот долг вел, на насловната страница на „Vogue“ во февруари 2005 година, по нејзината венчавка во Палм Бич.
Изработката траела 550 часа во Париз. Интересен податок за венчаницата е тоа што тежи околу 27 килограми.