Во време на коронавирусот и стравот од болеста, романтичната приказна стигна од Србија.
Србинот Ѓорге Бараќ (37) и Мароканката Наѓа Зидан од Агадир (29) докажаа дека љубовта е посилна од се’, па и од епидемијата.
Имено, во декември двајцата почнале да се допишуваат на Фејсбук. Веднаш се заљубиле и одлучиле да се венчаат. Но, короната ги замешала прстите.
„Од првиот момент сфативме дека сме родени еден за друг, па преку видеолинк ја побарав за жена. По многу перипетии во врска со документите, визите и дозволите за венчавка, Наѓа од Маркото во Србија допатува на 8 март, непосредно пред затворањето на границата и воведувањето вонредна состојба. И покрај се’, одлучивме короната да не ни’ ги расипе плановите. И моето семејство одлично ја прифати снаата од Мароко. Се венчавме на 27 март во Општина Краљево, раскажува за српски Телеграф Ѓорге Бараќ, кој е монтажер во „ТВ Краљево“.
Инаку, на венчавката сите присутни носеле заштитни маски, а освен мадоженците, присуствувале само кумовите и преведувач од арапски, за Наѓа да може да разбере се’.