Вереници од Велика Британија истовремено завршиле во болница поради коронавирусот, а потоа се венчаа таму. Двојката успеа да се венча само неколку моменти пред младоженецот да биде ставен на респиратор.
Елизабет Кер (31) и Симон О’Брајан (36) биле пренесени во универзитетската болница Милтон Кинс во Велика Британија на 9 јануари.
Персоналот на болницата побрза да ја организира свадбената церемонија, бидејќи состојбата на младоженецот се влошуваше. Тој не бил интубиран со цел да се одржи церемонијата, а парот сега се опоравува во болницата, пренесува Би-Би-Си.
Двојката планираше да се венча во јуни. Двајцата се заразиле со корона и заедно биле пренесени во болницата. Тие беа сместени во различни крила на болницата.
Кер, која инаку е медицинска сестра, ѝ ги раскажала плановите на својата колешка, а потоа била прашана дали сака да се венча во болницата. И било кажано дека тоа може да биде нивната „последна шанса“.
Меѓутоа, додека вработените работеле на обезбедување на дозвола за венчавка, состојбата на младоженецот се влошила и тој беше пренесен на интензивна нега на 12 јануари, за да биде таму поставен на респиратор. Чекаа со интубацијата за да се одржи венчавката.
Откако ток кажа „да“, беше поставен на респиратор.