Венсан Касел (57) живее на истото место на коешто живеел со Тина Кунаки, поранешната сопруга која неодоливо потсетува на Нора Баптиста (27), манекенката со која актерот моментално е во врска.
Тој продолжува да ги посетува истите места на коишто се појавуваше со поранешната сопруга, но овој пат друштво му прави Нора.
Малку интензивни тренинзи, малку излегувања низ град – така изгледа животот на заводникот на којшто не можат да му одолеат ни двојно помлади жени. Но тој ритам и тоа како влијае врз него. Седа коса и уморен изглед е она што прво се забележува кога ќе фрлиме поглед на Венсан.
И за разлика од неговата прва сопруга Моника Белучи, Венсан како да не ги прифаќа годините и стареењето, поради што сите се прашуваме: ЗОШТО си го прави тоа на себе?