Новинарот на ТВ Клан, Фуркан Салиу на својот профил на Фејсбук, напиша интересен пост, како министерот за здравство Венко Филипче и се јавил на баба му да ја убеди да оди на лекар.
„Му раскажував на министерот Венко Филипче , колку сум разочаран што од почеток на корона-кризата се обидувам да ги убедам луѓето што порано да отидат на лекар, а денеска баба ми не сака да отиде на клинички…
Зема телефонот, и се јави за да лично ја убеди дека нема лекар што не сака да спаси човечки живот и дека нема од што да се плаши“, – вели во статусот Фуркан, благодарен за гестот на министерот.