“Првите денови во Шутка ми се чинеше дека не можам да живеам, не можам да дишам.
Колку нè бива како држава видов и од нашето затворање, а подоцна и од затворањето на А1.
Морав да најдам нешто за да се спасам.
Сликата за ЕУ и НАТО ми ја врати силата. Само со нивна помош можеме да станеме подобри. Да не може по наредба на премиерот да се затвораат луѓе.
Јадење редовно, спиење редовно, спорт, спорт и пак спорт.
Станав најрасположен затвореник.
До крајот на мојот живот ќе бидам расположен и ќе работам на патот за ЕУ и НАТО“-напиша Велија Рамковски на својата ФБ страница, која пред одреден период ја отвори за да лобира за влез на Северна Македонија во ЕУ и Нато.
Но, тој исто така почна да снима и свои емисии на одредена политичко-општествена тема, со што го најави својот општествен ангажман преку свои ставови и размислувања.