СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.С.(50) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски системи“.
Тој, на 20.10.2022 година, по текст од еден портал, објавен на социјалната мрежа Фејсбук, постирал коментар со што промовирал и поттикнувал омраза.