Специјално за улица.мк од Банско: Зоран Михајлов
Норвежанецот Хенрик Кристоферсен е победник во шестиот годинашен велеслалом за Светскиот куп што се одржа во Банско. Иако по првата трка беше втор зад Марсел Хиршер од Австрија, со задоцнување од 22 стотинки,во вториот настап се претстави во извонредно издание и не само што ја анулираше загубата, туку беше и за 4 стотинки побрз во двете трки од Хиршер. Вкупниот резултат на Кристоферсен изнесуваше 2:26,87 минути,а на Хиршер 2:26,91. Третото место со задоцнување од 39 стотинки зад победникот му припадна на искусниохт Французин Томас Фанара.
Така, по многу возбудувања и неизвесности заврши овој викенд од Светскиот куп во Банско. Единствено бројните љубители на скијањето жалат што вчера поради лошите временски услови не се одржа трката во суперџи.
Што се однесува до организацијата, таа беше на восоко ниво. Патеките беа одлично подготвени и даваа максималниа услови за натпревар меѓу светските асови во алпско скијање.