Џулијана Налу е една од најжешките манекенки на светот, која има над половина милион следбеници.
Нејзиното име неодамна често се поврзувало со Луис Хамилтон. Таа важи и за една од најатрактивните жени на светот, а за нејзините фотографии од плажата се распламтени коментарите на социјалните мрежи.
Таа има само 27 години и сериозни деловни амбиции. Инаку, долго се пишувало и за нејзината врска со Канје Вест, што никогаш не било официјално потврдено.
Џулијана од својата шеста година сонувала да стане модел, а нејзиниот сон се остварил кога на 18-годишна возраст станала заштитно лице на бразилскиот „L’Oréal“.
Денес, таа го живее својот сон, со над половина милион луше кои ја следат на „Instagram“ и „TikTok“.
„Сакав да правам големи работи надвор од Бразил, но не можев ниту да си замислам колку е тешко. Морав да се обидам. Мајка ми мѝ помогна да ги остварам своите соништа“, изјавила неодамна Џулијана.