Младата манекенка Хејли Бибер е на удар на сурови коментари од моментот кога стапи во брак со познатиот пејач Џастин Бибер. Имено, многумина веруваат дека токму таа го презела Џастин од Селена Гомез, па луѓето сè уште ѝ го немаат простено тоа.
Американците сè повеќе почнаа да развиваат негативен став кон Хејли, мислејќи дека секогаш се обидувала да стигне до успехот по скратен пат. За неа често велат дека „нема ни колк ни струк“, како и дека нема доволно убаво лице за работата со којашто отсекогаш сакала да се занимава. Голем број луѓе зборуваат и дека нејзиниот татко ѝ ја купил кариерата и дека сè постигнала на сила.
Градела среќа врз темелите на туѓата несреќа?
Познато е дека Селена Гомез заврши на психијатрија поради токсичниот однос и бурната врска со Џастин Бибер. Самата Селена повеќепати има истакнато дека врската со пејачот скапо ја чинела, како и дека оставила големи последици врз неа. Додека Селена минувала низ пекол и се борела за живот, Бибер уживал со Хејли.
Тоа е уште една од причините зошто луѓето ја замразија Хејли, верувајќи дека градела среќа врз туѓи солзи.
Веќе подолго време се пишува за нејзиниот не толку успешен брак со Бибер, а во прилог на тоа оди и фактот што Хејли често изгледа многу несреќно покрај сопругот.
На Интернет може да се најдат бројни видеа на кои Џастин воопшто не се однесува џентлменски покрај атрактивната сопруга. Сепак, на социјалните мрежи меѓу нив владее идила.
„Многу разговаравме за тоа какви се нашите планови, каде сакаме да бидеме за толку и толку години. Секогаш сме зборувале дека сакаме млади да стапиме во брак и да бидеме млади родители, но не се случува секогаш онака како што си замислувате“, рекла Хејли неодамна, но потоа брзо се поправила:
„Сепак, едно знам и донесов одлука. Долго и силно го сакам тој човек и нема да се откажам од него. Никогаш не би го напуштила. Не можам да си замислам да напуштам некого само затоа што се наоѓа во најлошиот период од својот живот“, заклучила таа.
Сепак, признала дека сигурно би ја прекинала бременоста кога би забременила сега, иако некогаш сакала да стане мајка, сега веќе не ѝ се брза.
Многу долго време Хејли важи за жена без талент, за празноглава богаташка и „ванаби“ модел, поради нејзините 172 см, што според многу мерки не е доволна висина за занимавање со манекенство.
Инаку, Хејли Роуд Болдвин му е ќерка на Стивен Болдвин, актер, продуцент и режисер, но и брат на познатиот актер Алек Болдвин, и на графичката дизајнерка Кенје Болдвин.