Арон Тејлор-Џонсон има само 32 години, но може да се пофали и со двоценискиот стаж во светот на кинематографијата.
Имено, овој Британец првиот филм го снимил кога бил мало дете, на само шест години, а од тогаш практично не престанал да снима.
Тој нижел бројни улоги во европски и холивудски остварувања, но неговата кариера доживеала вистински подем во последните три години. Арон дури бил прогласен и за еден од најголемите холивудски надежи, наследник на Џорџ Клуни, Бред Пит, Колин Фарел, Џерард Батлер…
Имено, него покрај раскошниот актерски талент го краси и прекрасниот изглед и специфична харизма и машка енергија. За тоа дека неговата популарност во целост е во ек сведочи и фактот дека е еден од главните кандидати за новиот Џејмс Бонд.
Арон е новата ѕвезда на кампањата на модниот бренд „Calvin Klein“, а за потребите на истата се фотографирал само во тесни, бели боксерки, покажувајќи ги прекрасните стомачни мускули и извајано тело.
Овој 32-годишен маж својата кариера не ја градел како „мачо-мен“ и ретко играл на картата сексапил и физички изглед, но новите фотографии јасно докажуваат дека тоа не му е слаба точка.
На овие фотографии Арон ја покажал и тетоважата на градите која ја посветил на неговата сакана сопруга Сем (56). Инаку, љубовната приказна на овој пар е многу необична и несекојдневна, без оглед на разликата во годините тие важат за еден од најстабилните парови во Холивуд.
Арон сопругата ја запознал во далечната 2008 година кога имал само 18 години.
„Веднаш знаев дека Сем е мојата сродна душа. Веднаш знаев дека сакам да го поминам останатиот дел од животот со таа жена. Добро се чувствував тој ден, како и денот кога ја запросив“, открил актерот.
Парот има и две деца – 11-годишната Вајлд и 10-годишниот Роми, а Сем од претходниот брак има уште две ќерки.