Микробиологот, д-р. Никола Пановски за Фактор изјави дека веднаш би го вовел лекот Ивермектин во борбата со коронавирусот. Станува збор за лек кој постои од 1980 година, пред се наменет за дејство против паразитите кај животните, но и кај луѓето.
-Ова е навистина многу ефтин лек, а тројца храбри американски научници веќе го вклучија во лекување од Ковид-19. Клиничките студии покажуваат дека има ефект во сите фази. Оние што не се болни го пијат превентивно и не се разболуваат, оние кои имале контакт исто така, болните со лесна клиничка слика, па дури е користен и кај пациенти кои болнички се третираат. Значи во сите фази и има студиите покажуваат дека има одличен ефект. Ивермектинот најмногу се користи на истокот, Индија, Бангладеш, и Австралија. Јас веднаш би го вовел, па кај нас и онака народот сака да пие лекови, барем нека пие лек кој има ефект, наместо антибиотиците кои се покажаа дека немаат ефект во борбата против вирусот, вели д-р. Пановски за Фактор.
-Секогаш е подобро да се има прво лек, а потоа вакцина. Тоа би било и многу поефтино за самата држава, вели микробиологот Пановски, за Фактор.