Имаше многу светлина, акција и камери во спалната соба на Хју Хефнер. Неговата вдовица Кристал Хефнер во своите мемоари открива дека нашла „мали шпионски дупки“ во подножјето на креветот на нејзиниот покоен сопруг и тврди дека тие се доказ дека тој ги снимал своите сексуални авантури.
„Кога го прашав за нив, тој само ги крена рамениците“, пишува таа во новата книга „Only Say Good Things: Surviving Playboy and Finding Myself“. „Но, за што се тие?“, го прашав. „Снимав многу“, гордо рекол тој. „Имав видеа кои траат со часови, стотици секси видеа“.
Таа го прашала дали жените знаат дека се снимаат. „Тоа е мојата спална соба. Мојата куќа“, одговорил тој. Тој ѝ рекол дека снимал „славни личности од А-листата“, како и „видеа од диви оргии, исто така со познати личности и политичари и бизнис лидери, од кои некои биле во брак“, пишува таа.
Да потсетиме, седум години по смртта на основачот на Плејбој, Хју Хефнер, Кристал Хефнер откри како и било во бракот со него. Пред објавувањето на нејзините мемоари, таа искрено зборуваше за животот во вилата на Плејбој.
„Се чинеше како свет на успех и фантазија, но мора да спиеш со 80-годишник. Има цена. Сè има цена“, изјавила таа за „People“. Кристал рекла дека Хеф ја напаѓал секогаш кога нејзиниот природен кафеав корен на косата бил видлив.
„Морав постојано да се фарбам, до степен да си го изгорам скалпот“, рекла таа. Но, поради некоја причина, мислев дека се е нормално и неопходно да се биде убава во очите на Хеф“.