Вдовицата на Оливер Драгојевиќ била поканета на премиерата на документарниот фил „ОЛИВЕРовите 70“, кој премиерно бил прикажан на затворањето на Пулскиот филмски фестивал, но таа немала сила да присуствува.
-Видов претходно неколку секунди од филмот и се откажав. Едноставно не можев. Можам да ги гледам неговите фотографии, стари спотови, се останато, но кога тој говори нешто приватно, нема шанси, не можам. Не знам кога ќе го погледнам филмот. Го имаме дома, но никој не го гледал. Се работи за последниот концерт, тој веќе беше болен, што никој од нас не знаеше. Како да знаел што е му се случи, како да чувствувал нешто, но ништо не ни кажуваше, изјавил вдовицата на Оливер, Весна за Слободна Далмација
На годишнината од неговата смрт, на 29 јули, ќе биде одржан концерт во негова чест „Траг у бескрају“ во неговото место на Корчула, каде е и погребан.
-Сите сме веќе тука, ќе присуствуваме. Иако јас се би прескокнала. Лошо ми е, сѐ ме потсетува на него. Би сакала тој ден да сум во некоја глувчешка дупка. Но не можам да побегнам, луѓето го доживуваат за свој, а нивен беше колку што беше и нас. Не знам како ќе издржам, ќе се видам и со некои луѓе со кои се немам видено со години. Сепак, драго ми е што концерот ќе биде традиција и ќе заживее и следните години, – заклучува Весна која поминала речиси 50 години во брак со Оливер и имаат три сина.