Козметичарката Алесија Небосо (21) од Италија планирала да се омажи за своето долгогодишно момче Марио Лукези, пренесува „Дејли мејл“.
Но, само неколку дена по нејзината операција за зголемување на градите, Алесија почнала да се чувствува лошо. Таа развила висока температура, се чувствувала уморна, имала кашлица, слабост и гастроинтестинални проблеми.
Откако ѝ се влошила состојбата, нејзиното семејство ја однело во итната медицинска помош на клиниката Вила деи Фиори во Ацера во близина на Неапол.
Во моментот кога била примена на 20 септември, нејзината состојба станала критична.
„Дежурните колеги веднаш сфатија дека ситуацијата е многу сериозна. Сите нејзини функционални показатели се променија; бубрезите веќе откажуваа, бројот на бели крвни зрнца беше 17.000 и таа почна да има тешкотии со дишењето“, рече д-р Фелисијано Цикарели за локалната медиуми.
Нормалниот опсег за бројот на белите крвни зрнца е обично помеѓу 4.000 и 11.000 на микролитар.
Цикарели рече дека девојката ја подложиле на сите можни тестови.
„Сакавме да разбереме каде е локализирана сепсата. Направивме ултразвук и КТ на абдоменот, уште една КТ скен на градниот кош и сфативме дека проблемот доаѓа од белите дробови“, рече тој.
Алесија била стабилизирана и пренесена на интензивна нега.
И покрај обидите на лекарите да ја одржат во живот, таа починала од срцев удар неколку часа подоцна.
Близок пријател на починатата девојка, кој одлучил да остане анонимен, за локалните медиуми изјавил дека сонот на Алесија бил да се омажи во прекрасен деколтиран фустан кој ќе го истакне нејзиното ново деколте.
“Таа секогаш имаше комплекс за нејзините мали гради, иако тие навистина не беа толку мали: според мене, тие беа речиси совршени. Но, таа не сакаше да слуша совети и реши да го направи тоа, рекла дека не ѝ било гајле што ќе кажат другите. Не сакала ни да го слуша дечкото, ни тој не бил за тоа“, тврди пријателот.
„Кога дојде кај мене на маникир, не зборуваше за ништо друго и беше многу среќна што најде храброст да оди на хирург“, додава тој.
Алесија решила да ги зголеми градите за неколку големини во клиника специјализирана за пластична хирургија.
Таа прво отишла на рутински тестови пред да се врати на 11 септември на операција и да биде отпуштена дома истиот ден.
“Таа беше добро до 18 септември. Првите симптоми се појавија вечерта и продолжија следното утро. Потоа состојбата се влоши до 20 септември, кога пристигна на клиниката во критична состојба”, рече Чикарели.
Вознемиреното семејство на Алесија поднело пријава и полицијата сега го истражува случајот.
Нејзините родители велат дека ако имало некакви престапи, тие мора да се објават.
„Ако Алесија умрела поради докторот, ние сакаме правда. Одлично ѝ одеше, беше убава, млада и здрава. Треба да ни кажат што се случило во таа операциона сала“.
Вереникот на Алесија се прости од неа со трогателни зборови на социјалните мрежи.
“Те сакам Ал, никој никогаш не може да го заземе твоето место. Ти секогаш ќе бидеш моја сопруга! Ти си најдоброто нешто што ми се случило. Нема да покажам милост кон никого додека не ја добијам правдата. Секогаш ќе бидеш во моето и во срцето на твоето семејство. Те сакам многу“.