Легендата на српски и европската одбојка Вања Грбиќ продолжува со своите оригинални објави по повод глобалната кампања „Остани дома“. Тој овој пат објави фотографија на неговиот Инстаграм профил, а во прилог на неа напиша 20 животни лекции кој ги научил од пандемијата од коронавирусот.
Една од работите кои ги научил за време на пандемијата е таа дека медицинските работници вредат многу повеќе од фудбалерите и пејачките. Меѓу другото Вања напиша дека короната го научила дека луѓето се вирус на земјата, а и дека најбогатите земји на Запад имаат најлош здравство.