Вајлдер два пати го легна Фјури, но не го победи (ГАЛЕРИЈА + ВИДЕО)

by Тони Зографски

Деонтај Вајлдер ја одбрани ВБЦ шампионската титула во тешка категорија откако мечот со Тајсон Фјури во Лос Анѓелес заврши без победник.  Тој влезе во рингот со скор 40-0, од кои 39 победи се нокаут, додека Фјури имаше 27-0, од кои 19 се нокаути.

Инаку двата нокдауни на Вајлдер беа премалку за до го победи Фјури. Тој во 9 и 12 рунда го испрати на под Фјури, но Британецот брзо се враќаше и речиси ги доби сите останати рунди.

Судиите на крајот одлучија дека мечот е нерешен. Еден даде предност за Вајлдер од 115-111, другиот гласаше во корист на Фјури од 114-110, а третиот борбата ја оцени со 113-113, па мечот заврши без победник.

“Со два нокдауни дефинитивно јас требаше да победам. Се трудев да им овозвоможам на гледачите одлична борба и уживање.  Ние сме најдобри на светот и меѓусебно се почитуваме. Мора да има реванш на кој сигурно ќе го победам. Не ми е важно каде тој ќе се одржи“ – изјави по мечот Вајлдер кој претходно поради тепачки и провокации со Фјури беа прекинати дури три прес конференции.

Фјури смета дека тој е победник затоа што доминирал во 10 од 12 рунди во мечот…

„ Два пати бев нокаутиран но мислам дека јас ја добив борбата. Бог да ја благослови Америка и Деонтај Вајлдер кој е вистински боксер. ‘Џипси кинг’ се врати… Вајлдер  е страшен, вистински шампион и голем човек. Како се опоравив по оној нокаут во 12-та рунда? Па, јас сум борец до крај, црпам сила од Исус и немаше шанси да останам на под.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com