М-р Калиа Поповска
советник за депресија, анксиозност и проблеми во однесувањето
Web strana: https://www.kaliatherapylondon.com/
Instagram: kalia.therapylondon
Дали некогаш сте заглавени во сопствената глава? Мислите дека сте во право иако сите мислат дека грешите. Ова може да се сведе на прашањето за самосвесноста.
Недостаток на самосвест може да води до конфликти на работа и дома поради неможност објективно да се погледнете ситуацијата и сопствените постапки.
Самосвесноста започнува од рана возраст и се развива со текот на времето.
Самосвеста се разбира во две форми:
– внатрешна самосвест е колку сте свесни за вашите вредности и постапки и како тоа влијае на другите. Со внатрешната самосвест повеќе сме љубопитни да ги испитаме чувствата, на пример зошто сме лути или тажни.
– надворешна самосвест доаѓа од тоа како другите ве гледаат и перцепираат. Јавната самосвест овозможува подобро да ги разбереме интеракциите со другите и како да се однесуваме кон другите со почит и љубезност. Ова ги вклучува и општествените и социјалните норми кои се општо прифатени од повеќето.
Самосвеста е важна за среќен и исполнет живот:
– обезбедува основа за успешни и просперитетни односи
– ослободува од предрасуди и претпоставки кои ве заддржуваат
– нуди регулација на емоции и реакции
– овозможува подобро да ги контролирате животните резултати
– го намалува стресот и анксиозноста
Недостаток на самосвест се јавува поради страв од промени и грешки, страв од вистината, страв од споделување на чувствата и страв да се биде ранлив и повреден. Стравовите најчесто се длабоко вкоренети во детството или потекнуваат од трауматски настани. Но може да произлезат и од општествените норми и верувања.
За поголема емоционална интелигенција потребна е поголема самосвест.
Компоненти на самосвесноста:
– самоконцепт, сопствена перцепција за себе. Произлегува од вашите сопствени искуства и што сакате во животот.
– мислите влијаат чувствата. Осознајте зошто имате одредени мисли и како може да ги промените.
– чувствата, емоциите се реални, поврзани се со мислите. Кога се чувствувате на одреден начин истражете ги мислите околу тие чувства. Познавање на сопствената
емоционална состојба пред да влезете во некоја ситуација ве прави посвесни за реакциите и чувствата, да може соодветно да дејствувате.
– тело, физичките сензации поврзани се со чувствата и реакции. Потребна е самосвест за да се забележи дека срцето забрзано чука или дека се потите и да ги поврзете со чувствата.
За поголема самосвест, среќа и подобри врски во животот:
– бидете љубопитни за вашите чувства, следете ги
– прашајте пријател за искрена повратна врска
– напишете ги на хартија целите, приоритетите и вредностите во животот
– предизвикувајте ги мислите, обидете се негативните мисли да ги преобликувате во позитивни
Самосвеста ја подобрува врската со себе и со другите.
Со поголема самосвест ќе се чувствувате помалку изгубено и повеќе самоуверено. Ќе знаете што не сакате, каде сакате да бидете, како соодветно да постапите во дадена ситуација, дури ќе можете да контролирате позитивен исход. Тоа е силата.