М-р Калиа Поповска
советник за депресија, анксиозност и проблеми во однесувањето
Web strana: https://www.kaliatherapylondon.com/
Instagram: kalia.therapylondon
Внатрешниот мир се чини како неостварлива цел кон која се стремиме и може да чувствуваме како никогаш да не може сосема да ја достигнеме. Полезно е да ги преиспитаме очекувањата и да се откажеме од некои работи.
Престанете да:
– се споредувате со другите. Социјалните медиуми може да се главен извор за споредба. Обидете се свесно да престанете да се споредувате и бидете благодарни за сето она што веќе го имате.
– се трудите да им угодите на сите, ако сте од тие што потребите на другите ги ставаат пред сопствените. Невозможно е сите да ги направите среќни и на сите да им угодите. Ќе се ослободите од непотребниот стрес и чувство на вина, ќе се фокусирате на сопствената благосостојба.
– барате потврда и одобрување од другите, независно за што се работи. Тоа води до несигурност. Фокусирајте се на самопотврдување и доверба во сопствената интуиција, слушнете го внатрешниот глас што може да води до она што е најдобро за вас.
– размислувате (претерано) за секоја одлука влегувајќи во бескрајна спирала. Почнете да верувата и на срцето, на интуицијата за да донесете одлука која е најдобра за вас. Ова ќе ја намали анксиозноста.
– барате совршенство, невозможно е. Крутото барање работите да се одвиваат на одреден начин како сте замислиле води до притисок, разочарување и фрустрација. Тоа не значи да се откажете од желбите и целите.
– се грижите за работи кои се надвор од вашата контрола, може да е главен извор на стрес. Фокусирајте се на она што може да го контролирате, верувајте и работете така дека сé ќе излезе како што треба.
– ги сфаќате работите лично, ослободете се, не дозволувајте туѓото мислење да влијае на вашата среќа и мир. Секој има свои несигурности и стравови. Што другите зборуваат и како се однесуваат зборува за нив, тоа не е ваша работа.
– држите лутина. Незадоволството и гневот оптеретуваат. Ќе ослободите ментален и емоционален простор, ќе се фокусирате на сегашноста наместо да го носите товарот од минатото.
– се задржувате на грешките од минатото, ве спречува да продолжите напред и да живеете “тука и сега”. Научете ја лекцијата од грешките направени во минатото. Простете си.
– се опкружувате со негативни луѓе кои може негативно да влијаат на расположението и целокупната благосостојба.
– се задоволувате со помалку отколку што заслужувате без разлика дали се работи за врска, работа, кариера. Научете да кажете не на работите кои не се вас, ослободете место за тоа што навистина го сакате.
Овие промени ќе помогнат да најдете поголемо чувство на внатрешен мир и задоволство. Верувањата што ги имаме за себе може да не ограничуваат, постојаното барање одобрување од другите и задоволување со помалку отколку што заслужуваме може да спречат да го живееме најдобриот живот за нас и да најдеме внатрешен мир.