М-р Калиа Поповска
советник за депресија, анксиозност и проблеми во однесувањето
Web strana: https://www.kaliatherapylondon.com/
Instagram: kalia.therapylondon
Често се чувствуваме преоптоварени, преморени и неспособни да се фокусираме на една работа, мозокот е пренатрупан, има многу отворени “прозорчиња.”
Многу е лесно да се пренатрупаме со сите социјални медиуми, работење неколку работи во исто време и задржување на минатото. Но, како да почнеме да бришеме и да се чувствуваме помалку оптоварени?
Нередот се физичките работи, старите идеи, токсичните врски и лошите навики, сé она што не го поддржува нашето подобро јас.
Секоја случајна мисла во текот на денот има потенцијал да внесе неред. Сите овие мисли ја намалуваат способноста да се фокусираме на тоа што е навистина важно во моментот.
Живееме во свет со брзо темпо, опкружени сме со многу работи кои постојано нé стимулираат и внесуваат многу неред во умот и тој оди насекаде.
Знаци на натрупан ум:
– рој од мисли кои се натпреваруваат
– фокусирање на негативните мисли и емоции
– немање јасност и неможност за фокусирање
– збунетост, демотивираност, физичка и емоционална исцрпеност
Размислуваме и се стресуваме за работи кои се вон нашата контрола. Многу време поминуваме во нашата глава, помалку сме присутни “тука и сега.”
Намалете го времето на социјалните мрежи кои бомбардираат со многу стумулуси и идеи. Се споредуваме со верзиите на луѓето што ги претставуваат за себе на социјалните медиуми (повеќето не се реални), се чувствуваме помалку вредни, самодовербата се намалува. Стресирани сме и анксиозни. Ограничување на времето поминато на социјалните медиуми ја намалува осаменоста и депресијата. Селектирајте ги информациите и следете го она што ви носи позитивност.
Избегнувајте да рабтите повеќе работи во исто време (мултитаскинг) – површно изгледа дека за пократко време завршувате повеќе работи. Но реално продуктивноста и ефикасноста се намалуваат. Преоптоварени сме и не може да се фокусираме на една работа. Почнете да бришете некои помалку важни работи или кои трпат одлагање.
Расчистете ја средината што ве опкружува – нередот во околината и на работното место е во корелација со нередот во умот. Мозокот се храни со прекумерни стимули и постојано потсетува дека има и уште нешто што треба да го направме.
Оставете го минатото за кое се држите и кое ја натрупува сегашноста. Многу работи од минатото нé прават несреќни и во даден момент треба да ги оставиме зад нас. Поминете низ минатото кое оптеретува, преработете го и обидете се да се ослободите.
Запишете ги мислите – состаноците, идеите, задачите кои го преплавуваат вашиот ум, селектирајте.
Медитирајте, вежбајте внимание/свесност, научете да се смирите и фокусирате на една работа. Застанете неколку минути и фокусирајте се на дишењето, вдишете длабоко и бавно издишете. Ова помага да ги пренасочите мислите и да се фокусирате на тоа што бара ваше внимание.