М-р Калиа Поповска
советник за депресија, анксиозност и проблеми во однесувањето
Web strana: https://www.kaliatherapylondon.com/
Instagram: kalia.therapylondon
Дали може да сакате некого но сепак да сакате да раскинете?
За жал да, не се сите еден за друг.
Во врските се случуваат и тешки, неубави моменти, конфликти и несогласувања. Понекогаш (само) љубовта не е довлна. И се прашувате дали има смисла да да останете во врската или да тргнете по својот пат.
Не е лесно да се стави крај. Комплицирано е раскинувањето со некој што го сакаме. Се грижиме за нив, не сакаме да ги повредиме. Но знаеме дека работите едноставно не функционираат. Треба да се донесе тешка одлука.
Како да знаете кога да раскинете со некој што го сакате?
Постои физичко или психичко насилство – не треба да се има толеранција за било каков вид на насилство, физичко или емоционално. Особено да се внимава на пасивно агресивното однесување.
Многу пати сте раскинувале и повторно сте се спојувале – има причина зошто сте ја прекинувале врската. Размислете зошто ја играте оваа јо-јо игра на раскинување и мирење. Може да е тешко да си ги признаете причините.
Довербата е изгубена – довербата и комуникацијата се основи на добра врска. Изгубената доверба може повторно да се изгради но тоа бара многу работа и зависи од ситуацијата и личноста.
Вашите потреби не се задоволени – потребите варираат од личност до личност. Некои особи ќе можат да ги сретнат вашите потреби, а други не. И обратно, и вие може нечии потреби да задоволите, но не и на некој друг.
Вашите основни вредности не се совпаѓаат – основните и семејните вредности, визијата за иднината, амбицијата… треба да се совпаѓаат.
Постојано размислувате за раскинување – тоа веројатно е јасен показател дека не треба да бидете заедно.
Како да раскинете со некој што сé уште го сакате?
Знајте “зошто” сакате да прекинете и што ви треба. Проблемите имаат слоеви и некогаш откривањето на тие слоеви може да покаже дека раскинувањето и не е најдоброто сценарио. Можеби треба подобро да комуницирате и да се поддржувате.
Искрен разговор за тоа што сакате од животот. Ова треба да е нешто што се прави на почеток на врската. Помога да се утврдат визиите на секој од вас за да се осигурате дека носите правилна одлука.
Држете се до одлуката што ќе ја донесете независно дали ќе одлучите да работите на проблемите некое време или ќе одлучите да прекинете. Не бидете колебливи, сé друго е збунувачко и за двајцата.
Раскинете лично, не преку телефон или порака; сте биле во врска со таа личност, имајте почит. Одберете место каде ќе се чувствувате удобно и заштитено.
Погрижете се да одговорите на прашањата искрено, кажете зошто сакате да прекинете и зборувајте од ваша гледна точка.
Прифатете дека раскинувањето не е лесно иако сте вие тие што раскинувате. Ќе има моменти кога ќе ви недостаува партнерот, ќе се чувствувате осамено. Дозволете да поминете низ чувствата, дајте си време да ја “истагувате” врската, грижете се и сакајте се себеси, потпрете се на луѓето кои се грижат за вас.