М-р Калиа Поповска
советник за депресија, анксиозност и проблеми во однесувањето
Web strana: https://www.kaliatherapylondon.com/
Instagram: kalia.therapylondon
Оптоварени сте да кажете Да бидејќи немате сила да кажете Не.
Кога постои потреба од одобрување попуштаме на нагонот да кажеме Да. Потоа чувствуваме гнев или вина затоа што сме запоставиле работи важни за нас за да ги задоволиме бескрајните очекувања на другите.
Тешко ни е да кажеме Не. Кажуваме Да затоа што сме љубезни и сакаме да сме подршка за другите кога имаат потреба. Под несебичното помагање стои стравот од неприфаќање, отфрлање и страшната можност да се остане сам, недостоен за љубов и прифаќање.
Ако кажуваме Да или Не кога сакаме ги минимизираме внатрешните битки, го намалуваме стравот од отфрлање и грижата за тоа што другите мислат за нас.
Кажете Не кога:
– тоа не е ваша работа – лесно е да кажете Да кога пријател или колега ќе ве замоли за помош или има “брзо прашање.” Ако постојано кажувате Да луѓето ве земаат здраво за готово, разбираат дека секогаш сте на располагање и ќе почнете да им замерувате зошто постојано прашуваат и бараат.
– сте премногу амбициозни и имате многу цели, мислите дека можете да постигнете повеќе за пократко време. Да кажете Не на самите себеси, да не превземате повеќе обврски отколку што можете, фокусирате ја енергијата на најважните цели.
Помогнете си да кажете Не:
Бидете едноставни, директни и конкретни без да се вплеткувате во долги објаснувања и оправдувања кои завршуваат со тоа што на крај пак ќе попуштите и ќе кажете Да. Другата личност може да инсистира но сетете се на причината зошто кажувате Не.
Започнете со позитивното за вашиот однос или личноста која бара нешто од вас или ги нарушува вашите граници. Помогнете и на другата особа да ја види вашата гледна точка наместо да ја напаѓате.
Научете ја фразата “Ќе рзговараме подоцна” кога некој ќе ве замоли нешто, не мора веднаш да одговорите. Кажете “Дозволете ми да размислам и ќе ви одговорам подоцна”
или “Јас не можам да ви помогнам сега но …. можеби подоцна.” Потоа размислете дали навистина сакате тоа да го направите.
Не ја примајте реакцијата лично – луѓето брзо сфаќаат дека ако нешто им треба и тоа го побараат вие ќе кажете Да. Бидете припремени дека кога ќе кажете Не ќе бидат (непријатно) изненадени и ќе има реакција. Не сфаќајте лично, другите се “разгалени” од вашето Да и се збунети кога поставувате граници. Ако повремено кажувате Не ќе се научат дека вие само се грижите за себе. Не ги одбивате нив.
Вежбајте сочувство – бидете емпатични, сочувствтелни кон потребите на другите. Има и други начини на кои може да помогнете, а сепак да ги заштитите вашите потреби. Може да погнете подоцна или да најдете друг кој би помогнал. Сочувството е кревко ако не е засновано и на самосоочувство.
Луѓето се и себични и несебични. Да научиме што сакаме и што ни треба, што можеме и што сакаме да им дадеме на другите. Среќата се наоѓа во балансот на двете, способноста да се постават јасни сочувствителни граници.