М-р Калиа Поповска
советник за депресија, анксиозност и проблеми во однесувањето
Web strana: https://www.kaliatherapylondon.com/
Instagram: kalia.therapylondon
Родителите сакаат да бидат успешни во постигнување на нивната цел – да израснат и воспитаат среќни, здрави, добро приспособени деца. Секојдневниот семеен живот и секојдневната интеракција со децата и тинејџерите важни се за менталното здравје на сите членови во семејството.
Семејнатата сплотеност, функционирањето и задоволството со семејниот живот зависат од постојаното и континуирано вклучување во семејното слободно време.
Вклучувањето во екстранаставните активности на децата и помагање со нивните домашни задачи се важни активности кои родителите ги превземаат за да се осигураат дека нивните деца ќе станат успешни возрасни.
Важно е времето кое родителите и децата го поминуваат во интеракција и заедно. Децата слободно да ги изразуваат своите мисли и чувства. Од ова искуство со текот на годините децата се чувствуваат прифатени и сакани и ги усвојуваат основните вредности од нивните родители. Родителите стекнуваат подлабоко знаење за силните и слабите страни на децата што им овозможува да обезбедат поддршка и соодветни насоки. Силната родител-дете врска која се создава води до поголема самодоверба, издржливост и самоувереност на децата.
Активности кои ги зајакнуваат семејните врски:
– семејно време за оброк кое вклучува учество во подготовка на храната, поставување на масата, сервирање, декорација. Важно е регуларното време за оброците и се очекува да присуствуваат сите членови.Се дискутира за општи работи, за тоа како се чувствуваат членовите во семејството и се планираат семејните активности.
– читање на книга на помалите деца. Постарите деца прашајте ги која книга ја читаат, прочитајте ја и дискутирајте што им се допаѓа во книгата, дали се идентификуваат со некој лик од книгата и зошто, дали некој лик ги потсетува на некого. Искоритете ја можноста да дискутирате за карактерите и вредностите, за нивните интереси, што научило од книгата и како тоа може да го примени.
– заедничко присуство на настани, фестивали, концерти, театар
– семејни игри навечер, друштвени игри за забава, карти, домино, монополи
– слушање музика, танцување заедно
– заедничко учествување во физички активности, прошетки, трчање, велосипед, планинарење, фудбал, баскет, базен, летање змеј
– заедничко гледање филм, дома или во кино. Разговарајте за впечатоците, побарајте моменти на кои може да се научи, дискутирајте за карактерите, вредностите, решавањето на проблемие, релациите помеѓу членовите.
– планирање семејни активности, излети, викенди, одмори
Заедничкото време поминато во забава ја зајакнува врската, ја поттикнува отворената комуникација, обезбедува подобро запознавање, разбирање и прифаќање еден со друг, нуди можност за споделување различни искуства, вредности и интерактивно учење. Семејството ќе стане поповрзано и сплотено, а децата ќе се чувствуваат сакано и прифатено.