Др.Искра Петровска Шешова
Специјалист Дерматовенеролог
Дерматолошко естетска ординација Др.Искра
Во естетската медицина постојат најразлични третмани кои ни овозможуваат да го забавиме процесот на стареење . Еден од тие третмани е и најнова најнапредна технологија која користи фокусирана ултразвучна енергија (Hifu ) со висок интензитет и се користи во третман на опуштена кожа која ја има изгубено свежината и сјајот каде се присутни видливи брчки.Самата технологија која се применува се споредува со хирушкиот лифтинг .Но тука се работи за неинвазивен третман каде нема употреба на скалпел и анестезија и времето на опоравување е кратко. .Се работи за третман кој е клинички докажан и дава одлични резултати.
Механизмот на дејство на Hifu
При третманот со (Hifu ) се дејствува на средниот длабок дел на дермисот . ( SMAC ) мускулен слој која го поврзува длабокиот дермис со мускулот кој е прилепен за коската. Самиот високо интензивен фокусиран зрак дејствува таргетирачки. на (SMAC ) зоната на тој начин се стимулираат клетките да создавааат нов колаген и еластин на тој начин ја ревитализира , подмладува и ја лифтира кожата .Идеален третман е за лица кој не прифакаат инјективни третмани ,а дава одлични резултати.Инаку самиот третман слободно може да се комбинира и со другите естетски третмани на тој начин резултатите се уште подобри.
Зошто би се одлучиле за овој третман ?
Се работи за третман кој е неинвазивен и безболен .. Епидермисот површинскиот слој на кожата е заштитен кој го прави поразличен од другите естетски третмани каде се употребуваат ласери ,радиофреквенција и други технологии .
Што се постигнува со помош на Хифу третманот ?
-подобрување на текстурата и квалитетот на кожата
-затегнување, лифтирање и подигнување на веги
-бришење на брчки на врат и топење на подбрадок
Каде неможеме да го примениме третманот со Хифу?
-трудници
-доилки
-пареза на фацијалниот нерв
-пациенти со епилепсија
-дијабетичари
-пациенти со малигни болести
Колку трае еден третман и на колку време треба да се повтори ?
Третманот со Хифу доколку се врши на цело лице трае 1 -1,5 час. Доколку се третираат по регии трае од 20 -30 мин. од регија .Третманот се повторува после 6 месеци.
Дали третманот е безбеден ?
Третманот е безбеден . Многу е важно да се изведува од страна на доктор кој што работи во областа на естетската дерматологија кој е посебно обучен за овој вид на третман . Третманот ако се изведува по соодветен протокол и принцип на работа дава одлични резултати.