Д-р Елена Арсова, медицински директор во 101 Hair Clinic
Alopecia areata е состојба кога целосно се губат влакна во полиња со различна форма на една или повеќе зони на телото, а обично на скалпот. Зафаќа 0.1%–0.2% од популацијата, а може да се јави кај возрасни и кај деца, дури и кај оние со добро здравје. Станува збор за автоимуно заболување на косата. Блага форма со појава на полиња без коса. Почнува со појава на мали полиња со изгубена коса кои постепено се поврзуваат и формираат поголеми полиња. Кожата во полето е мазна, бледа и стаклесто отсјајува, без ниту едно влакно.
Во 1-2% од случаите може да се рашири на целиот скалп, состојба наречена Alopecia totalis. Автоимуно заболување на косата. Се развива и манифестира исто како алопеција ареата но во многу поагресивна форма, со интензивно губење на косата, кое завршува со нејзино целосно опаѓање.
Alopecia universalis е губење на влакната како на скалпот така и по целото тело
Се јавува почесто кај лица со фамилијарна историја на појава на ова форма на губење на коса. Дури 25% од лицата со Alopecia areata имаат фамилијарна историја, што укажува на влијанието на наследните фактори. Студиите укажуваат на постоење на најмалку 4 места во геномот кои веројатно содржат гени на Alopecia areata.
Исто така поголема веројатност има да се појави кај лица со историја на автоимуни заболувања, како астма, алергии, атопичен дерматит, хипотироидизам.
И Alopecia areata се смета дека е автоимуно пореметување кај кое телото ги напаѓа сопствените фоликули на влакно и го супримира или спречува растот на влакното. Т-лимфоцитите од имунолошкиот систем се насобираат околу афектираните фоликули предизвикувајќи воспаление, ослабнување на циркулацијата и намалена исхрана на коренот на влакното. Афектираните фоликули се намалуваат, драстично ја забавуваат функцијата и продукцијата на влакно. Видливо влакно над површината на косата може да нема со месеци или години. Скалпот е најчесто предилекционо место, но и брадата или друг космат дел од телото може да биде зафатен.
Постојат докази кои укажуваат дека Alopecia areata го зафаќа делот од фоликулот кој е асоциран со бојата на влакното. Косата која станала сива нема да биде афектирана.
Причини и симптоми на ареата
Како причини за појава на оваа форма на опаѓање се јавуваат следните неколку фактори: стрес, алергиска реакција, бактериска и вирусна инфекција, генетска предизпозиција, долга хемиска експозиција, па дури и физичка траума.
Типичните први симптоми се мали, голи полиња без влакна. Може да имаат различна форма, а најчесто се кружни или овални. Кожата е без лузни и површински изгледа нормално, но се забележуваат жолти чепови кои ги запушуваат порите на влакното. Може да се чувствува болка или боцкање, состојба наречена триходинија. Се јавуваат најчесто на скалпот и брадата, но можат да се јават на било кој космат дел од телото. Опаѓањето на косата обично е интензивно и е поизразено на една страна од скалпот. Влакната имаат нарушена морфологија и добиваат изглед на извичник. Лесно се кубат. Се јавуваат и промени и дефекти на ноктите.
Третмани наменети за Alopecia areata
Третманот за стимулирање на растот на коса кај Alopecia areata е комплексен со оглед на природата на самиот проблем и опфаќа најсовремени методи за одржување и стимуларирање на активноста на фоликулите на валкнтото.
Примарно е потребно нежно да се исчисти кожата на која се акумулираат маснотии поради отсуството на влакна. Модерната апаратура обезбедува неагресивно, а длабинско чистење на порите на скалпот со што се овозможува неперечен раст на влакното. Не само длабинско чистење туку сега е возможно и длабинско продирање на производите до коренот на влакното каде треба да дејствуваат. Конечно, цврстата бариера од кореналниот слој на епидермисот може да се премости и да се постигне продирање на состојките до дремисот на скалпот. Производите со специjaлно формулирана комбинација од хербални екстракти наменети за оваа форма на губење на косата стигнуваат до фоликулот на влакното, го потхрануваат и го поттикнуваат на активност.
Современата технологија дава можност директно да се стимулира енергетскиот метаболизам на клетките од коренот на влакното со што тие непречено функционираат и продуцираат влакно. Се поттикнуваат и регенеративните механизми на ниво на дермисот кои помагаат во нормализирање на функцијата на фоликулот.