ВАША ОРДИНАЦИЈА: 17-ти мај – да ја подигнеме свесноста за хипертензијата

by Тони Зографски

Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска

интернист-нефролог

ПЗУ Зегин Интермедика

Висок крвен притисок е кога силата на крвта која притиска против артериските зидови е постојано висока. Со тек на време ова ги оштетува зидовите на артериите и може да води до сериозни компликации како срцев или мозочен удар. Со порастот на КП има постојан ризик од кардиоваскуларни болести.

Хипертензијата е доста честа, скоро половина од популацијата меѓу 30 и 79 години има. Вообичаено, високиот крвен притисок нема знаци и симптоми. Затоа се вика “тивок убиец.” Може да се јави главоболка, срцебиење, крварење од нос.

Препорачан крвен притисок е под 140/90ммХг за општата популација, и помалку од 130/80ммХг за оние со дијабетес и хронична бубрежна болест. Третман за намалување на притисокот резултира со корист за сите возрасни при притисок над 140/90ммХг.

За непокачен крвен притисок, под 120/70ммХг не се препорачува третман со лекови. За покачен крвен притисок (120-139/70-89ммХг) третман со лекови се препорачува кај одредени особи зависно од кардиоваскуларниот ризик и се следи крвниот притисок. За хипертензија (над 140/90ммХг) третман се препорачува кај повеќето особи.

-Хипертензивна криза значи нагол пораст на крвниот притисок и бара итна медицинска грижа. Хипертензивната криза може да биде:

– хипертензивна итност кога покрај многу висок крвен притисок има и оштетување на мозок, срце, бубрези, очи или крвни садови

– хипертензивна ургентност кога има висок притисок но нема знаци за оштетување на органите.

Се верува дека гените играат улога во појавата на хипертензија.

Ризик фактори за развој на хипертензија:

– членови во семејството со хипертензија, кардиоваскуларни болести или дијабетес

– возраст над 50 год.

– медицински состојби, хронична бубрежна болест, дијабетес, метаболен синдром, опструктивна слип апнеа, тироидна болест

– надтежина или обезност

– недоволна физичка активност

– исхрана богата со сол, преработена храна

– пушење

– алкохол во прекумерни количин

Нетретирана хипертензија може да води до сериозни здравствени проблеми:

– коронарна артериска болест

– мозочен и/или срцев удар

– периферна артериска болест

– бубрежна болест и бубрежна слабост

– оштетување на очите

– васкуларна деменција

– компликации во тек на бременост

Третманот на хипертензијата вклучува промени на животнт стил и лекови.

Природни начини за превенција и намалување на високиот крвен притисок:

– одржување на здрава телесна тежина

– здрава исхрана, доста овошје и зеленчук, цели зрна, млечни производи со малку масти

– намален внес на сол

– доволен внес на калиум, банана, краставица, авокадо, компири

– физичка активност, започнете полека, до 150 минути аеробични вежби на недела, вежби за сила

– ограничен внес на алкохол

– престанок на пушење.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com