ВАША ОРДИНАЦИЈА: 10 Причини за враснување на ноктите

by Тони Зографски

 

д-р Елена Арсова, медицински директор во 101 Hair Clinic

 

Враснувањето на ноктите е болна и непријатна состојба, која секој од нас ја имал некогаш во животот.

Издвојуваме 10 причини кои се имплицирани во развојот на враснатите нокти:

  1. Неправилно сечење на ноктите, сечење во V облик, кружно или прекратко сечење ќе предизвика подудирање, испакнување на мекото ткиво и можност да се остави врв од ноктот кој е тешко да се отстрани што резултира со воспалителна реакција.
  2. Неадекватни неудоби чевли. Константниот притисок на лежиштето и жлебовите на ноктот резултира со пукање на ноктот, формирање спикули и инфламаторен процес.
  3. Неправилност на ноктната плоча во вид на зголемена закривеност, зголемена курватура на ноктот, како пинцер нокт, деформитети од претходна траума или некоја патологија на коските
  4. Прекумерно потење. Забележано е дека враснувањето е често кај тинејџери и војници , кај кои е присутно екцесивно потење, што резултира со омекнување на нокотните набори и на ноктот. Со физичка активност или спортување, се појавуваат остри врвови кои лесно го пробиваат омекнатиот епидермис.
  5. Зголемена телесна тежина. Дебелината може да ги продлабочи нокотните жлебови и да предиспонира враснување на ноктите
  6. Лекови
  7. Генерализирано зголемена хипермобилност на зглобови поради што се менува биомеханиката на стопалото и последователно се зголемува притисокот на средниот дел од стопалото и на зглобовите меѓу прстите и стопалото па предиспонира враснување на палецот
  8. Онихомикоза. Габичната инфекција на ноктите се манифестира со крти нокти кои се кршат и формираат спикули од ноктот и го продупчуват наборот
  9. Наследни фактори, кај лица кои генетски имаат закривени нокти со дисторзија на ивиците на ноткот
  10. Патолошки халукс валгус интерфалангеален агол поголем од 14.5

Враснатите нокти може да предизвикуваат силна и непријатна болка и да го отежнат движењето и вршење на секојдневните обврски. Постојат повеќе фактори кои придонесуваат за појава на враснати нокти. Треба да бидете внимателни и да препознаете кога да побарате стручно лице за да ве прегледа и да го третира проблемот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com