интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Гладта го става телото под стрес, ниското ниво на шеќер создава состојба на „борба или бегство“. Кога ќе падне нивото на шеќер во крвта телото реагира, ги вклучува хормоните на стрес и нѐ става во состојба на лутина. Затоа многу од луѓето „не се тие што се“ кога се гладни. „Глад“ е комбинација на глад и лутина.
Најчесто сме гладни во 20:00 часот. Утринските часови се период на денот кога најдолго не сме јаделе и логично би било да сме најгладни кога се будиме наутро. Но научниците кажуваат дека телото всушност бара повеќе храна непосредно пред спиење. Се претпоставува дека е така затоа што мозокот „знае“ дека му се потребни калории за цела ноќ.
Во делови од стомакот има рецептори кои се покренуваат кога храна или вода ја растегнува слузокожата на желудникот. Тие испраќаат сигнали во мозокот дека стомакот е полн.
Знак дека гладта е емоционална, а не физичка е кога доаѓа ненадејно и брзо. Кога постојат интензивни чувства или кога е досадно, често почнува да се чувствува глад. Бидејќи тоа не е физичка потреба за храна со храната не се решава проблемот и по земање на храната не се чувствува ситост.
Слики на храна нѐ прават гладни – тоа е моќта на сугестијата: кога гледаме вкусна храна нивото на грелин расте во крвта. Тој хормон прави да се чувствуваме како да е време за јадење.
Погладни сме после учење отколку после одмарање. Во тек на учење, со употреба на мозокот за ментална работа, настануваат осцилации во нивото на глукоза и инсулин што го засилува апетитот.
Кркорењето на цревата само понекогаш сигнализира глад. Кркорењето на цревата е работата на цревата, мешањето на храната, течностите и гасовите, нивното напнување, стегање и опуштање додека ја мешаат и буткаат храната.
Кога чувствуваме глад некогаш сме само жедни затоа што контролата на глад и жед е од ист дел на мозокот, хипоталамусот. Затоа пред да каснеме нешто да се обидеме да испиеме чаша вода.
Конзумирањето на алкохол прави да се јаде повеќе. Алкохолот му „кажува“ на мозокот да се фокусира на храна, на мирисот на храната. Затоа ако сакаме да ослабиме треба да го исклучиме алкохолот.
Колку побрзо се јаде, толку повеќе ќе се изеде. Мозокот не може да држи чекор со устата. Хормоните кои му кажуваат на мозокот дека доволно сме изеле се поспори од устата. Затоа треба да се јаде полека. Ако набрзина се „проголта“ оброкот мозокот ќе добие порака дури откако веќе сме се прејале.
Гладни сме по непроспиена ноќ. Кога сме лишени од сон се пореметува нивото на хормони кои влијаат на апетитот. Кога сме будни во време кога нашиот организам е навикнат на сон телото произведува хормони на стрес кои влијаат на нивото на шеќер во крвта. Со помалку сон, организмот се чувствува нападнат. Тоа се меша со хормоните кои нѐ прават гладни и се испраќа порака дека на телото му требаат калории, а всушност му треба сон. Тоа прави да бидеме гладни и кога помалку спиеме често посегнуваме по благо.
Pages: 1 2