Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Последниве години третманите за БПХ еволуираа значајно, бројни окритија драматично ги подобрија опциите за мажите со БПХ. Се повеќе мажи се обидуваат со лекарства пред да прибегнат кон хируршко решение. Со лекарствата многу мажи се во можност квалитетно да живеат додека новите третмани да станат поусовршени.
За постојани благи до умерени симптоми, на располагање е медицинска терапија. Простата е градена од мускулно и жлездесто ткиво и има две категории на лекарства. Првите вклучуваат мускулни релаксанси. Тамсулосинот е добар затоа што нема потреба од зголемување на дозата и има помалку несакани ефекти од останатите. Жлездестото ткиво може да се третира со лекови (Proscar или Avodart) кои ја намалуваат простата со блокирање на претварањето на тестостерон во активна компонента. И двата типа на лекови се за доживотен третман.
Ако лекарствата не се ефикасни има поедноставни хируршки техники кои може да помогнат: трансуретрална ресекција на простатата (ТУРП), трансуретрална инцизија на простата (ТУИП) кои го олеснуваат уринарниот проток. Но блага БПХ не ги оправдува ризиците на операција: анестезија, потреба од трансфузија на крв и ретката компликација-импотенција и инконтиненција. Постојат помалку ризични, помалку скапи опции да се пробаат пред операција. На хризонтотот има нови.алтернативни третмани за БПХ кои брзо се воведуваат.
„Преактивна бешика“ е далеку почеста појава кај жени но се јавува и кај мажи. Асоцирана е со зачестеност, ургентност, инконтиненција и станување ноќе. Може да е резултат на БПХ или да е и состојба сама по себе. Има бројни лекарства, „мускулни релаксанси“ кои се ефикасни за оваа состојба.
Крв во урината е загрижувачка појава за која веднаш треба да се оди на лекар. Иако има причини кои не се страшно сериозни, број еден за загриженост се карцином на бубрег, уровезика или на простата. Крвава урина често е ран знак и ова предупредување треба да се послуша. Најчест е карцином на уровезика, тој е петти најчест карцином кај мажите. Сите причини за негово настанување не се знаат, но се знае дека тутунот и анилинските бои имаат голема улога. За среќа, процентот на излекување е многу добар за карциноми кои се рано откриени. Затоа многу е важно проблемот да не се игнорира и веднаш да се побара помош.