Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Зегин Интермедика
Надуеност се јавува кај сите возрасни групи. Но, како особата старее, надуеноста се јавува почесто. Надуеност се јавува кога гастроинтестиналниот тракт е исполнет со воздух, гасови, течност или храна. Се опишува како чуство на исполнетост, дистензија, напнатост, болка, жуборење во стомакот, подригнување, испуштање гасови. Чувството е непријатно, вознемирувачко. Во некои случаи се јавува и опстипација и грчеви.
Причини може да се:
– дигестивни промени со возраста, намалено производство на дигестивни ензими
– намален метаболизам, успорено поминување на храната низ телото, побавно празнење на желудникот. Храната произведува гасови во цревата, а успорениот метаболизам дозволува да се соберат повеќе гасови во цревата.
– губењето на мускулите со годините придонесува за намален метаболизам, запек и надуеност
– лекови – некои антибиотици ги убиваат добрите бактерии во цревата; лекови кои предизвикуваат задржување на течности и забавена перисталтика
– менопауза и промени во карличното дно – се менува нивото на естрогени, дисфункцијата на карличните мускули води до помалку координиран и функционален систем и опстипација
– седентарен начин на живот
– дивертикулоза на цревата, почеста е над 50 години возраст
– хрчење и апнеја при спиење – се голта повеќе воздух, ако не се исфрли предизвикува непријатност
– рефлукс на желудочна киселина
Надуеноста може да биде предизвикана од:
– воздух – најчеста причина, од газирани пијалоци, млечни производи, голтање воздух при јадење, гуму за џвакање, инфекција на дигествниот тракт, хронични болести. Може да има подригнување, прекумерно испуштање гасови, нагони за празнење или гадење.
– индигестија, диспепсија – резултат на прекумерно јадење, прекумерен внес на алкохол, лекови кои го иритираат желудникот, инфекција на желудник
– инфекција која често оди со надуенеост, гадење и болки, можно е и треска, крвав измет, често повраќање
– синдром на прекумерен раст на бактерии во тенкото црево (SIBO)
– задршка на течности поради внес на одредена храна или хормонален дизбаланс
– опстипација, поради дехидрација, недостаток на влакна во исхраната; храната се акумулира во цревата
– други причини, Кронова болест, иритабилно црево, гастропареза
Може да си помогнете со:
– ограничување на храна која ви предизвикува надуеност
– зголемен внес на влакна и течности со исхраната, редовно вежбање за стимулирање на празнењето на цревата
– проверка за интолеранција на лактоза
– бавно јадење за да не голтате многу воздух
– поделете ги оброците, повеќе помали оброци
– чај или масло од пеперминт помага во варењето
– избегнување газирани пијалоци и гуми за џвакање
– избегнувајте тешко сварлива храна (сиров зеленчук), постепено зголемувајте го внесот на влакна, овес, јаболко и морков генерално полесно се варат
Ублажете ја надуеноста со:
– ѓумбир, босилок, магданос и пеперминт
– пробиотици – јогурт, комбуха, кисела зелка, кисели краставички и цвекло
– билни чаеви, семе од анасон
– вода со јаболков оцет
– дигестивни ензими, подобруваат разградување на храната.