Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Хиперинсулинемијата се одликува со абнормално високо ниво на инсулин во крвта. Постои поврзаност меѓу хиперинсулинемијата, тип 2 дијабетес, дебелината и метаболниот синдром. Состојбата е асоцирана со Тип 2 дијабетес но не е форма на дијабетес.
Инсулинот е хормон кој се создава во панкреасот и има многу функции. Метаболизмот на инсулинот зависи од возраста, полот, расата, исхраната и нивото на активност.
Една од фукциите на инсулинот е транспорт на глукоза од крвта во клетките каде се користи како енергија.
Кај некои особи рецепторите на клетките стануваат неосетливи на инсулин што значи дека инсулинот не е ефикасен во отстранување на глукозата од крвта. Тоа е инсулинска резистенција. Хиперинсулинемијата и инсулинската резистенција се блиску поврзани, хиперинсулинемијта типично е предизвиката од инсулинска резистенција.
Последователно, глукозата во крвта расте. Телото не може да ја користи глукозата како енергија, клетките стануваат желни и може да се чувствува ексцесивна глад и жед. Кога глукозата расте, панкреасот создава и ослободува повеќе инсулин за да може глукозата да се одржи на нормално ниво. Кога клетките стануваат резистентни на инсулин, нивото на инсулин продолжува да расте. Резултат е високо ниво и на глукоза и на инсулин во крвта.
Ретко, хиперинсулинемијата е последица на тумор (инсулином) на панкреасот, а
привремено се јавува како последица на операција на желудочно премостување.
Хиперинулинемијата генерално не предизвикува симптоми. Но дебелината и потешкото губење на тежина може да се знак за непрепознаена хиперинсулинемија.
Високиот инсулин може да резултира со ниско ниво на глукоза во крвта и хипогликемијата може да е индикатор за висок инсулин во крвта.
Симптоми на хипогликемија се:
– силна желба за шеќери и јаглехидрати
– слабост, летаргија
– често или екстремно чувство на глад
– иритабилност
Хиперинсулинемијата се смета за ран индикатор на повеќе метаболни дисфункции и се поврзува со компликации:
– кардиоваскуларни болести
– Тип 2 дијабетес
– Алцхајмерова болест
– хипергликемија поради инсулинска резистенција
– некои типови на канцер, поради стимулација од еден фактор на раст.
Третманот вклучува лекови и промена на животните навики. Хиперинсулинемијата може добро да се контролира со балансирана исхрана и повеќе физичка активност.
Исхрана – не е толку важно кој тип на диета (медитеранска, со малку масти, со малку јаглехидрати) ќе се одбере, важно е да се внесува цела, непреработена храна со многу зеленчук, овошје, посно месо, цели зрна, влакна. Ограничен внес на процесирана, преработена храна и храна со додадени шеќери или вештачки засладувачи. Да се избегнува претеран внес на протеини бидејќи може да доведе до пораст на инсулинот.
Физичката активност ја подобрува инсулинската резистенција и помага за намалување на тежината.
– вежби за издржливост – со сопствена тежина или со тегови; се зголемува мускулната маса што помага за подобра искористеност на глукозата и се намалува резистенцијата на инсулин
– аеробни (кардио) бежби – одење, трчање, велосипед, пливање, танцување; го зголемуваат прифаќањето на глукозата во клетките и го намалуваат инсулнот.
Лековите кои се користат се исти кои се користат и за Тип 2 дијабетес.