Д-р Елена Арсова, менаџер на Hair Clinic Beograd (www.hairclinicbalkan.com)
Пореметување во функцијата на штитната жлезда се јавува кога истата не произведува доволно или произведува премногу тироидни хормони.
Хипотиреоза или намалена функција на тироидната жлезда, може да предизвика многу симптоми, од едноставен замор па до зголемување на телесната тежина. Многу личности не развиваат симптоми на хипотироидизам, додека не пројдат месеци и години, затоа што се развива постепено.
Хипертироидизам, забрзана функција, може да предизвика многу проблеми, како губење на тежина и нервоза. Обете состојби резултираат со сува, кршлива или проретчена коса на круната на главата. Често се занемарува влијанието на тироидната жлезда на косата, па пациентите го забележуваат губитокот на косата предоцна.
КАКО ДИСБАЛАНСОТ НА ТИРОИДНИТЕ ХОРМОНИ ДЕЛУВА НА ВАШАТА КОСА?
Пореметувањата на тироидните хормони, особено хормоните Т3 и Т4, влијае на сите циклични процеси во телото па и на циклусот на раст на влакното. Поради дисбалансот на штитните хормони, косата испаѓа и не може да се замени со нова коса. Како резултат на тоа доаѓа до разредување и истенчување на косата. Таа форма на опаѓање е хроничен телоген ефлувиум.
Освен намалување на густината, косата се менува и по структура. Влакното станува крто, суво бидејќи се намалува функцијата на лојните жлезди. Поради недостаток на липидната обвивка, влакното не се подмачкува доволно. Затоа косата ја губи својата природна заштита и лесно се крши. Пореметување на тироидните хормони влијае на циклусот на раст на влакното и на веѓи и на тело па и тие се проретчуваат.
ШТО ДА ПРЕЗЕМЕТЕ?
Благи облици во пореметувањето на функцијата на штитната жлезда обично не доведуваат до истенчување на косата. Координација со ендокринолог за одржување на статусот на хормоните е задолжителен. Резултатите веројатно нема да бидат брзи, затоа што за обновување на косата е потребно повеќе време.
Но со дополнителни третмани за раст на коса може да се забрзаат резултатите и растот на косата може да биде забележителен за неколку месеци.