Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Зегин Интермедика
Летото е тука и со зголемување на температурата може да се случат низа болести. Топлината влијае на целото тело, кожата, очите, дигестивниот систем.
Дехидрација брзо се случува кога внесот на вода не го компензира губитокот на вода. Многу вода и сол се губи во вид на пот. Постојана жед, концентрирана темножолта урина, сува уста, конфузија, главоболка, мускулни грчеви, забрзан пулс.
Топлотен удар – хипертермија, сериозна медицинска состојба, се јавува при долготрајно изложување на високи температури. Претходат знаци на топлотна исцрпеност – мека, зацрвенета и влажна кожа, потење, главоболка, вртоглавица, конфузност, слабост, несвесна состојба, мускулни грчеви, забрзан пулс, кратко и брзо дишење, откажување на органите, на крај смрт. Треба веднаш да се почне со ладење на телото со вода, ладен воздух или мокри крпи.
Изгореници од сонце – предизвикани од ултравиолетовите (УВ) зраци од сонцето кои ги оштетуваат клетките на кожата. Топла и црвена кожа која боли на допир, лупење на изгорената кожа, меурчиња на зафатената кожа, треска, гадење, нелагодност.
Осип, црвен или розов, на делови од телото покриени со облека, почесто кај деца. Во топли и влажни услови, каналчињата за пот се блокирани и отекуваат. Tочки или ситни мозолчиња на кожата, непријатност и чешање.
Оштетување на очите од УВ зраците на сончевата светлина. Водата рефлектира огромна светлина во очите.
Каснувања од бубачки – досадно чешање, може да донесат и сериозни болести. Заштитa со креми, долги ракави и пантолони.
Труење со храна – една од најчести летни болести поради консумирање на контаминирана храна или вода. Топлото и влажно време обезбедува плодна средина за раст на бактерии што ја контаминираат храната. Бактериите, вирусите, токсините влегуваат во телото и предизвикуваат стомачни болки, гадење, повраќање, дијареа.
Тифус – се пренесува со вода, орофекален пат; високи температури, замор, слабост, болки во стомак, главоболка, губиток на апетит.
Заушки – исклучително заразна вирусна болест главно кај деца. Се пренесува кога заразено лице кива или кашла. Ги зафаќа паротидните жлезди пред ушите кои се силно отечени, болни, со треска.
Варичела (овчи сипаници) – една од најчестите летни болести кај децата; црвенило и чешање на кожата, плускавци, красти, висока температура, губење на апетит, главоболка.
Морбили (мали сипаници) – заразна респираторна инфекција предизвикана од вирус; висока температура, течење на нос, кашлица, болки во грло, зацрвенети очи. Потоа се јавува осип, треска, ситни бели дамки во устата.
Совети како да се избегнат летните болести:
– внес на вода и течности, најмалку 10-12 чаши на ден
– широка облека, светли бои, лесни памучни материјали кои впиваат
– избегнувајте тешка физичка работа на отворено, почести паузи при патување
– мијте ги рацете, пред да допрете или готвите храна, за да спречите инфеквции кои се пенесуваат преку храна и вода
– избегнувајте да јадете недоволно термички обработена храна
– затворете ги прозорците за време на сончевите часови
– нанесете средство за заштита од комарци
– заштитете ја кожата, покриена, крема со најмалку 15 заштитен фактор
– избегнувајте директоно изложување на сонце, особено од пладне до 16часот
– на отворено носете капа и очила за сонце.